More

    Девојка од Калифорнија добила дозвола да поседува еднорог

    spot_img

    Девојката Медлин ја исполни својата желба: градот Лос Анџелес и издаде дозвола да поседува еднорог доколку најде. Но, дозволата не е без обврски.

    Девојката Медлин има жива имагинација и извонредна свесност за тоа како бирократијата може да ги уништи соништата. Кога агенцијата задолжена за контрола на животните во Лос Анџелес и издала дозвола да поседува еднорог, таа ја остварила својата желба, пишува The Guardian. Но, таа ќе мора прво да го најде еднорогот.

    Девојката минатиот месец напиша кратко писмо до агенцијата: „Драг Лос Анџелес, би сакала твојата дозвола да имам еднорог во мојот двор ако најдам“.

    Директорката на агенцијата одговорна за грижа и контрола на животните, Марсија Маеда, му одговорила на девојчето. Таа ѝ испрати метална значка во облик на срце во боја на роза со натпис „Постојана дозвола за еднорог“ и бело меки плишано животно со еднорог со розови уши, виолетови копита и сребрен рог.

    Сепак, првата дозвола за поседување на еднорог доаѓа со одредени услови: девојката ќе мора да му обезбеди на еднорогот доволно сончева светлина, месечева светлина и виножито. Неговиот рог ќе мора да се полира со мека крпа еднаш месечно. Меѓу условите е целиот сјај со кој ќе се посипува еднорогот да биде нетоксичен и биоразградлив. Медлин еднаш неделно ќе мора да го храни својот еднорог со лубеница.

    Маједа го пофали девојчето дека има „чувство за одговорна сопственост на домашно милениче, бидејќи однапред аплицираше за дозвола“ и смислено ги разгледа „барањата за обезбедување дом за љубов за животно“.

    На социјалните мрежи агенцијата објави слика од преписката, дозволата, беџот и плишаната играчка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img