More

    ПРОМОВИРАНО КАПИТАЛНОТО ДЕЛО „КНИГА ЗА СВЕТИТЕ БРАЌА КЛИМЕНТ И НАУМ ОХРИДСКИ“

    spot_img

    Во рамки на традиционалната свеченост посветена на Свети Климент Охридски беше промовирано капиталното дело „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“ која е издадена под покровителство на Општина Охрид, како дел од овогодинешните чествувања посветени на патронот на градот. Автори на книгата се Проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски.

    Во името на локалната самоуправа, пред присутните се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

    Sv_Kliment_Naum_promocija_07122022005– Неoписливо е чувството на гордост што денеска сум тука, заедно со Вас, на оваа свечена промоција и што ја имам честа да говорам за едно вредно книжевно дело посветено на нашите светители, учители и духовни исцелители Свети Климент и Свети Наум Охридски.

    Навистина е тешко да изберам вистински зборови за да ја доловам мојата возбуда, што како филологмакедонист, охриѓанец и пред се како Македонец можам да потврдам дека оваа книга е уште еден значаен доказ за нашиот идентитет, светол паметник на нашето потекло и неизбришлив дел од милениумската историја на Охрид и Македонскиот народ.

    „Радувај се Клименте, зошто живее твојата писменост, твојата црква, твојата школа. Радувај се, Науме зошто жива е твојата одбрана на седмочисленичкото ваше заемно дело. И сега и секогаш и во вечни времиња. Знајно и вистинито“ – со оваа порака завршува воведното слово на оваа книга, која низ нејзините страници не води низ животот на овие свети браќа, ни раскажува за нивното книжевно дело преку најзначајните житија и написи од најпознатите слависти, преродбеници и литературни дејци.

    Во ова издание се поместени и низа творби од народната и уметничката литература, кои носат силна порака и навистина вреди да се прочитаат.

    Почитувани,

    Воодушевен сум од трудот на авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски и нивната умешност во креирањето на уште едно издание кое ќе остави длабока трага и силен печат на охридското и македонското културно богатство. Во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков сакам уште еднаш да им упатам срдечна благодарност и да им оддадам посебно признание за сите досегашни изданија кои ги приредија за Општина Охрид.

    Ова е шеста книга од серијалот на книги со кои локалната самоуправа покажа дека е цврсто определна да ги негува културните традиции и да дава придонес во зачувување на историските вредности на Охрид.

    Убеден сум дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина и верувам дека наскоро ќе може да се радуваме на уште некое ново значајно издание.

    Во пресрет на утрешниот голем празник посветен на патронот, заштитникот на Охрид, кога го славиме и чествуваме името на нашиот Свети Климент Охридски, би сакал да упатам искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија со порака дека треба да ја чуваме нашата историја бидејќи таа е нашето битие и темел на нашата иднина и иднината на новите генeрации!

    Нека ни биде честит и вековит празникот, нека е вечно и вековито името на Свети Климент Охридски, нека е вечен нашиот Охрид, истакна Божиновски во своето обраќање.

    Промотор на изданието „Книга за Светите браќа Климент и Наум Охридски“ беше новинарот и публицист Диме Ратајкоски кој истакна дека станува збор за едно дело кое навистина и е потребно на македонската историографија и лингвистика, особено сега во овој период кога и македонистиката преживува навистина едни траорни случувања по однос на признавањето, непризнавањето на нашиот јазик.

     

    Sv_Kliment_Naum_promocija_07122022007– Овој зборник доаѓа во вистински моменти, затоа што претставува едно дело, кое и е потребно на македонската публика и потребно е да се обновува затоа што внатре се собрани дела не само на еминентни истакнати историчари и проучувачи, туку и оригинални историски автентични извори во превод на современ македонски јазик, кои ќе бидат доближени на македонската јавност, македонската публика и на обичниот читател. Дела, статии и прилози кои што расветлуваат и го објаснуваат животописот на двајцата големи просветители не само во македонската историја, туку во сесловенската историја, тоа се Светите Климент и Наум Охридски. Верувам дека општина Охрид заедно со македонската интелектуална историска елита ќе продолжи да ја негува оваа традиција на запазување на се што е автентично, историско, што доаѓа и потекнува од овој крај и ќе го афирмира не само Охрид и македонската историја, туку и пошироко за најразлични цели и интереси, истакна Ратајкоски.

     

    Според него делото е еден вид потсетник на најзначајните моменти од македонската историја, најголемите и најзначајни проучувачи на делото на Свети Климент и Свети Наум Охридски и дава една нова свежа мисла по однос на тоа како треба и како ќе се третира нивното дело.

    Книгата „Книга за Светите браќа Климент и Наум Охридски“ има 315 страници и е издадена во тираж од 300 примероци. Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, а технички уредник Јованчо Димоски.

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img