More

    Мицковски, запри ги блокадите, тие се твоја режија, обвини СДСМ

    spot_img

    СДСМ го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е логистичар и политички режисер на протестите и блокадите на Скопје и го повика да ги прекине, како што го нарече, изживувањето врз граѓаните на Скопје.

    „Хаосот во Скопје и блокада што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски. Од едната страна на блокадата е партнерот на Мицкоски – Ленин, а од другата неговата градоначалничка Арсовска. Заради бизнис интереси и кавги за тендери со денови трае изживување врз скопјани. Градот е заглавен како што 11 години беше заглавена Македонија. Илјадници граѓани имаат проблеми во движењето, не можат навреме да стигнат на работните места, на лекар, децата не можат да ги однесат во градинка, учениците доцнат на училиште, студентите на факултет.

    Бараме Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје. Да им даде партиска наредба на неговите кадри во јавните претпријатија во Скопје, во управните одбори, да седнат и да најдат решение на проблемот. Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинството во Советот на Скопје е од ВМРО-ДПМНЕ. Претседавачот со Советот е исто така од ВМРО-ДПМНЕ. Ленин Јовановски е докажан поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, близок и до Мицкоски. Директорите и членовите на Управните одбори на сите јавни претпријатија се членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Нека седнат, нека се договорат и да најдат решение за проблемот што тие го создадоа. Доста беше ова изживување врз граѓаните, Мицкоски да ги запре блокадите на Скопје“ – наведува СДСМ во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img