More

    „Роналдо е паднат идол, Португалија беше полетна и поопасна“

    spot_img

    Се уште не стивнуваат реакциите за играта на португалската репрезентација која беше убедлива против Швајцарија 6:1.
    Тренерот Фернандо Сантос вчера направи храбар потег оставајќи го Кристијано Роналдо на клупата додека го испрати Гонкало Рамос на теренот. И не погреши, овој му се оддолжи со дури три гола, додека Роналдо доби 15 минути. Тој не се ни прослави со соиграчите на лице место, туку отиде директно во соблекувалната.

    Португалија беше подобра без Роналдо“, додава Би-би-си, нагласувајќи дека ова е награда за храброста на селекторот Фернандо Сантос.

    „Тоа без сомнение беше најхрабрата селекторска одлука на ова Светско првенство и секако најхрабрата што Сантош ја донесе во последните осум години откако е на чело на Португалија“, продолжува тој и додава:

    „Сантос ја знаеше улогата на оваа сеизмичка промена. Нему му беше јасно дека тој, а не Кристијано Роналдо ќе биде обвинет за елиминацијата на Португалија од Мундијалот. Наместо тоа, тој гледаше полетна и поопасна Португалија, чиј фокус не е на присуството на Кристијано Роналдо“.

    Додадоа на лице место:

    „Откако му беше покажана вратата во Манчестер Јунајтед поради неговата мрзливост и отворените изјави за хиерархијата на клубот, тој сега се најде на маргините на територијата за која веројатно мислеше дека е уште понедопирлива. Што следува по паднатиот идол? Во најдобар случај тоа ќе биде клупата на натпреварот против Мароко“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img