More

    Црвена јабука има нов албум и најави голема турнеја

    spot_img

    Излезе новиот студиски албум „Нека нова јутра“ на Црвена јабука. Албумот е најавен со насловната песна и спот, кој го привлече вниманието на јавноста во целиот регион. И овој албум, како и дузина претходни на Црвена јабука, е во издание на најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records. Автор на повеќето песни е Мирко Шенковски Џеронимо кој заедно со Дражен Жериќ Жера и Ларис Пашалиќ ги потпишува и сите аранжмани на песните.

    Петнаесет нови песни со ретро звук потсетуваат на Јабука во нејзините најдобри денови. Како и секогаш, темата на песните е љубовта, а на многу од нив се провлекуваат контурите на Сараево.

    Покрај Џеронимо, авторскиот тим го сочинуваат: Дино Мухаремовиќ, Фадил Бутуровиќ, Драгана Кајтазовиќ-Шенковски, Мирза Хамзакдиќ Харо, Амир Мисирлиќ и Златан Фазлиќ.

    Албумот содржи и преработка на големиот хит на Нови фосили – „Тонка“, која Жера ја отпеа во спомен на големиот композитор и пријател Рајко Дујмиќ и Марио Пејиќ, а она што особено ќе им се допадне на фановите во Македонија е песната „Ако умрам, ил загинам“, напишана од Јонче Христовски, која во оваа прилика Жера маестрално ја отпеа.

    Колку добро звучи кога Жера пее на македонски фановите ќе се уверат кога ќе започне нивната голема промотивна турнеја, а еден од првите големи концерти е закажан за Денот на вљубените во Загребска Арена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img