Георгина Родригез, сопругата на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо му искажа поддршка на својот партнер кој синоќешниот натпревар од осминафиналето на СП 2022 против Швајцарија (6:1) го почна од клупата за резерви.
„Честитки за Португалија. Колку е штета што не можев да уживам во најдобриот играч на светот цели 90 минути. Фановите не престанаа да го скандираат твоето име. Се надевам дека Бог и нашиот драг пријател Фернандо Сантош ќе направат да се чувствуваме горди уште една вечер“, напиша Георгина на социјалните мрежи.
Во почетниот состав, на местото на Роналдо се најде Гонзало Рамош, кој постигна хет-трик и асистираше.
Португалија во четвртфиналето ќе се сретне со репрезентацијата на Мароко, која претходно ја елиминира Шпанија. Натпреварот ќе се одигра на 10 декември.