Почина актерката Кирсти Ели, најпозната по серијата филмови со Џон Траволта „Види кој зборува“ и хумористичната серија „Кафуле наздравје“. Кирсти почина на 71 година, по кратко боледување од рак, соопшти нејзиното семејство.
Кирсти играше и во сериите „Север и југ“ и „Последниот дон“, филмовите „Луда куќа“, „Село на проклетите“, „Пукај да убиеш“, „Ѕвездени патеки 3“, а се натпреваруваше и во „Танц со ѕвездите“ и беше второпласирана во 22-та сезона на „ВИП Големиот брат“ во Британија.
Таа беше член на Скиентолошката црква и се бореше со неколку приватни проблеми. Своевремено рекламираше контроверзни производи за слабеење, тврдејќи дека изгубила дури 45 килограми додека ги користела, поради што заврши и на суд. Кирсти се бореше и со зависноста од кокаин.
Двапати се мажеше и посвои две деца. Семејството потврди дека неодамна дознало дека таа боледува од рак и дека починала опкружена со своите најблиски.