More

    Драматична исповед на принцот Хари

    spot_img

    Принцот Хари зборува за „протекување и … подметнување приказни“ како дел од „валканата игра“ во новиот трејлер за документарната серија на Нетфликс за него и Меган Маркл, која се очекува да подигне голема прашина.

    Хари зборува за „болката и страдањето на жените кои стапуваат во брак во кралското семејство“ во очигледна алузија на искуствата на својата сопруга Меган и на мајка си – принцезата Дијана.

    Во трејлерот тој зборува и за расизмот и неговите и искуствата на Меган во таа смисла: „Се работи за омраза, за раса“.

    Документарната серија за парот има шест дела, првиот ќе се емитува в четврток, а уште три ќе бидат достапни од 15 декември.

    Најновиот трејлер открива низа жестоки коментари, врз основа на кои може да се претпостави дека нема да има помирување во кралското семејство.

    „Тлееше војна против Меган бидејќи тоа им одговараше на другите луѓе“, вели Хари.

    Трејлерот за серијата од шест дела ја прикажува приказната за заладените односи на парот со другите членови на кралското семејство, медиумите и јавноста, што заврши со преселбата на принцот Хари и Меган во Америка.

    Најавата за документарниот серијал го покажа топлото добредојде на јавноста за Меган, која ја гледаа како „кралска рок ѕвезда“.

    Сепак, „сè се менува“, стои во трејлерот, а Хари и Меган се поткопани „поради омраза и раса“.

    Трејлерот го поврзува искуството на Меган со притисокот со кој се соочи принцезата Дијана и медиумското внимание околу неа.

    Меган вели: „Сфатив дека никогаш нема да ме заштитат“, а принцот Хари на крајот додава: „Ја знаеме целата вистина“.

    Во трејлерот се прикажани фотографии од членови на кралското семејство на балконот на Бакингемската палата, а во позадина се слуша коментарот на принцот Хари:

    „Постои семејна хиерархија. Знаете дека протекува, но има и приказни кои се подметнуваат“.

    Принцот Хари и Меган, кои се откажаа од своите права како членови на кралското семејство, не им беше дозволен пристап на балконот за време на платинестиот јубилеј на прославата на покојната кралица Елизабета.

    Тизерот за сезоната беше објавен минатата недела во исто време кога братот на принцот Хари, Вилијам, принцот од Велс, беше во САД со сопругата Кејт Мидлтон за да ја додели еколошката награда Earthshot.

    Веќе првиот трејлер, објавен минатата недела, предизвика многу коментари за изборот на ликот на Кејт, принцезата од Велс, чие лице е скаменето и студено, а во овој најнов тизер на некои не им се допадна изборот на фотографијата од сопругата на принцот Вилијам, бидејќи е строга.

    Документарецот нуди увид во она што парот го опишува како своја приказна за тоа зошто се повлекле од кралските должности, според најавата за серијата.

    Принцот Хари и Меган официјално се повлекоа од кралското семејство во март 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img