Инцидент избувна на стадионот во скопската населба Аеродром за време на денешниот натпревар од третата македонска фудбалска лига помеѓу ФК Аеродром и ФК Башкими.
Како што објави спортскиот портал СпортМ, целата бркотница започнала откако навивачите и играчите на ФК Башкими во еден момент биле физички нападнати на трибините, а тепачката продолжила да се одвива на улиците околу стадионот.
„До 69. минута натпреварот се играше во спортски дух и без забелешки. Во тој момент, 40 хулигани со маски, безбол палки, ножеви, синџири, камења и други метални алатки влегоа на трибините преку административниот дел на стадионот, од каде брутално ги нападнаа нашите гледачи/навивачи. Тимот домаќин не успеа да обезбеди никакви услови за безбедност на гледачите (ниту органите на редот, ниту полицијата, ниту персоналот за физичко обезбедување) и искористувајќи ги овие скандалозни пропусти, на хулиганите им беше многу лесно да навлезат и да го изведат нападот. Само божјо чудо е што немаме жртви и целата работа помина само со повреди и материјална штета. На теренот завршија камења и шипки, загрозувајќи ги животите на наши играчи“, се вели во објавата на раководството на ФК Башкими.
Видеото може да го погледнете ТУКА.