Дисциплинската комисија на ФИФА покрена постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради инциденти на натпреварот од третото коло од групата Г на Светското првенство во Катар против репрезентацијата на Швајцарија.
Според соопштението на ФИФА, постапката против Србија е покрената поради „потенцијални прекршувања на членовите 12 (несоодветно однесување на играчите и официјалните лица), 13 (дискриминација) и 16 (ред и безбедност на натпреварите)“, објави РТС.
Швајцарија победи со 3:2, а натпреварот изобилуваше со големи тензии на теренот помеѓу играчите на двете селекции. Србија натпреварувањето на Светското првенство го заврши на последното место на табелата во групата Г со еден бод.