Премиерот вели дека кризата трае 2 години, а некои институции должат за 3 години

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Алармот што го вклучи ЕВН со најавата дека испраќа последно предупредување пред исклучување поради неплатени сметки за период од неколку години на здравствени и други установи и државни институции уште еднаш го отвори прашањето на односот на државата кон приватниот сектор.

Според последните објавени бројки, здравствени установи, факултети, библиотеки, затвори, судови и студентски домови, но и акционерски друштва на ЕВН сега ѝ должат 40 милиони евра за потрошена струја. ЕВН во септември алармираше дека државните институции ѝ должат 100 милиони евра. Но дел од институциите не плаќаат сметки и кон другите снабдувачи со електрична енергија што значи и сегашниот долг е повисок. Најголемиот дел од долгот се однесува на неплатени сметки за струја годинава, но има и такви кои не платиле струја и три години.

Ова е чуден однос на приватна компанија и државата, велат експерти. За нив е нејасно како приватна компанија на која главен елемент ѝ е профитот дозволува со години да не ѝ се плаќаат милионски суми, а граѓаните да ги исклучува за минимален долг.

– Самиот факт што приватна компанија има различен однос кон државата и кон граѓаните укажува дека нешто не е во ред. Ако една приватна компанија прави повластен однос кон државата кој не е преференцијален укажува дека има индиции за нешто повеќе од тоа. Инаку нема здрава логика зошто би се откажала приватна компанија од профитот. Или зошто би се исклучувало граѓани за минимална сума на долг, а би толерирала институција со милионски долг, па и да е од витална функција. И за граѓаните да имаат струја е од витална функција, па никој не ги става во повластена положба поради тоа. Во економијата има алатка репрограмирање на долг. Дали овде се користела таа или таа е резервирана само за граѓаните и фирмите, не се знае. Но се укажува дека и тоа не поминало, што пак, повторно ќе речам, буди сомнеж за некои недобри релации приватна компанија-држава – вели Здравко Савески, доктор по политички науки и синдикален активист.

Тој додава дека државата мора да ѝ стави крај на оваа масовна појава на неплаќање сметки за струја на нејзините институции бидејќи ќе се соочи со непослушност кај граѓаните во клучни моменти кога од нив бара да штедат електрична енергија.

Владата, која се најде затечена од ситуацијата сега преговара со ЕВН како да го намири долгот на дел од институциите кои имале оправдано пречекорување на роковите.

Премиерот денеска изјави дека за него е несфатливо како со години не се плаќало струја и најави дека државата нема да го плати долгот на сите кои не плаќале струја туку само на оние кои имаат оправдани причини и се витални функции на државата. Директорите кои недомаќински се однесувале ќе понесат и одговорност.

– Несфатливо ми е како со години не се плаќало струја. Тоа е недомаќинско раскалашно однесување на раководителите кај дел од тие институции. Јас не трпам директори коишто не плаќале струја и мислат дека нивните институции не треба да останат без струја затоа што се од витално значење. Државата мора да ги покрие трошоците на институциите кои се од витално значење, но тоа ќе биде зависно од причините. Кај здравствените организации имаме оправдани причини бидејќи имавме две години ковид-19 кое остави белег, а оправдано е огромното зголемување на цената на струјата кое ги зголеми 10 пати сметки. Кај институциите кај кои нема објективни причини за плаќање на струјата ќе ги повикам на одговорност раководителите. Ако кризата е 2 години а тие не платиле 3 години тоа е недозволиво. Секој домаќин прво ги плаќа сметките а потоа сè друго – рече Ковачевски.

ЕВН и во изминатиот период неколку пати алармираше дека институциите не плаќаат за потрошената струја. Со претходната најава дека ќе исклучува потрошувачи институции информира дека долгот е 100 милиони евра. И сегашниот износ на долг, според компанијата, е милионски а бројката на должници е поголема.

- Advertisement -
Ad image

– Овие долгови се сосема неприфатливи особено во ваков кризен период во енергетиката. Тие ги исполнуваат условите за исклучување како крајна мерка, по претходно искористување на сите останати законски можности. На дел од институциите ЕВН Хоме веќе им побара да достават банкарска гаранција, за останатиот дел е доставено предупредување. Ги пробуваме сите можности пред да дојде до исклучување, но тоа што се должи треба да се плати – велат од ЕВН.

Компанијата информира дека некои од должниците веќе се тужени.

– Тужбите се тековна активност на ЕВН, како за физички така и за правни лица – информираат од ЕВН.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article