Климатските активисти останаа залепени на најпрометните патишта

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Климатски активисти ги „нападнаа“ клучните транспортни крстосници во двата најголеми германски града, Берлин и Минхен, сигнализирајќи повторно започнување на нивната протестна кампања за климатските промени. Пет членови на групата „Последна генерација“ се залепени на патот пред централната станица во Берлин, соопшти полицијата. Уште два слични протести се одржаа и на други места во центарот на градот.

Во баварскиот центар Минхен, полицијата соопшти дека девет лица останале залепени на патот и го блокирале сообраќајот околу историскиот плоштад Карлсплац. Тие носеле елеци за поголема видливост и користеа плакати за да привлечат внимание на нивните барања. Тешкотиите во сообраќајот предизвикани во понеделникот наутро беа „умерени“, соопшти полицијата.

Групата за климатски активисти „Последна генерација“ најави дека ќе ги продолжи протестите оваа недела, по еднонеделна пауза, и ќе продолжи со таргетирање на оние крстосници во градовите каде што има најмногу сообраќај.

Во изминатите недели тие блокираа патишта, оштетија уметнички дела и два часа го запреа воздушниот сообраќај на аеродромот БЕР во Берлин. Во провинцијата Баварија, чиј главен град е Минхен, некои беа приведени како мерка на претпазливост, бидејќи најавија натамошни вознемирувачки акции.

Меѓу другото, групата бара ограничување на брзината од 100 километри на час на автопатите и месечен билет за воз од 9 евра. Протестот особено на аеродромот беше дочекан со широко распространета осуда на некои од тактиките што ги користи групата.

Министерот за внатрешни работи на најнаселената германска покраина, Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Реул претходно изјави дека тие „ја преминале границата“. Реул изјави за радиото Дојчландфунк дека „државата не може едноставно да гледа и да дозволи ова да се случи“.

Share This Article