ЕСМ го праќа во Турција својот комерцијален директор Ардијан Муча за да види каде е застаната набавката на новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола, кој требаше да биде оперативен уште на 22 ноември, открива премиерот Димитар Ковачевски велејќи дека се работи за работните дозволи од турска и од грчка страна.– Веќе почнуваат монтажните активности на блокот 3 во РЕК Битола, со оглед на тоа дека дел од опремата е пристигната, а денеска комерцијалниот директор на ЕСМ е во Турција со цел да се доорганизира транспортот на трансформаторот со оглед на различните транспортни дозволи кои што треба да се добијат од турската страна и од грчка страна – изјави Ковачевски.
Трансформаторот кој тежи 240 тони бара посебни услови за транспорт, а ќе биде пренесуван во композицијата долга 60 метри.