Членот на Судскиот совет на Република Северна Македонија Зоран Герасимоски поднел неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Герасимовски, ова го соопшти на почетокот на денешната седница на Судскиот совет, на чиј дневен ред е избор на претседател на Судскиот совет и се иззеде од гласањето за избор на нов претседател.
– Едногласно бев избран за в.д. директор на Академијата, до избор на директор што ќе се случи во среда, а со цел да не дојде до застој на работите во Академијата. Согласно упатствата на ДКСК дека со мојот избор има судир на интереси денеска ја доставив мојата неотповиклива оставка од функцијата – изјави Герасимоски.
Со цел да не се наруши угледот на функцијата, Герасимоски посочи дека оставката е неотповиклива.