Најниска температура утрово на Попова Шапка, најмногу дожд наврна во Охрид

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најниска температура утрово имало на Попова Шапка каде што се измерени -2 степени, во Маврови Анови и Лазарополе 1 степен, во Крушево и Крива Паланка 3 степени, во Претор 4, во Берово и во Охрид 5 степени, во Прилеп, во Тетово и во Виница 7, во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец 6, во Битола и Куманово 7, во Струмица и Штип 8, и во Демир Капија и Гевгелија 9 степени.

Најмногу дожд наврнало во Охрид 7 л/м2.

Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, претежно во југозападните делови утринава има појава на локален дожд со слаб до умерен интензитет. Дува слаб претежно југоисточен ветер. Во котлините е магливо или со ниска облачност.

Share This Article