More

    Тажна вест од Бразил: Легендарниот Пеле префрлен на одделението за палијативна нега?

    spot_img

    Легендарниот бразилски фудбалер Пеле е префрлен на одделот за палијативна нега во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло. Како што пишува локалниот медиум Фолха, тој не реагира на хемотерапијата што ја прима од септември минатата година кога беше опериран од рак на дебелото црево.

    На почетокот на годината му беа дијагностицирани метастази на цревата, белите дробови и црниот дроб.

    Фолха соопштува дека Пеле е на палијативна нега, одделение во кое се сместени терминални пациенти, односно оние за кои нема лек. Засега, според нивните информации, тој ќе прима само терапија за ублажување на болките.

    Болницата во петокот објави дека на Пеле му била дијагностицирана респираторна инфекција и дека се лекува со антибиотици. Тие изјавија и дека е стабилен, но ќе остане во болница на продолжување на лекувањето. Токму затоа оваа информација која ја објавија бразилските медиуми беше шокантна.

    Неговата ќерка се обиде да ја ублажи оваа хоспитализација.

    „Имаше голема врева поради тоа што татко ми повторно беше во болница. Добил мал оток, па завршил на преглед, па ќе добие нова терапија. Се е во ред, нема криза и не се очекува дополнително влошување“, напиша на Инстаграм ќерката на Пеле, Кели Насименто.

    Пеле имаше и три операции во последната година, а тоа беше на колкот. Има и срцеви проблеми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img