Коментирајќи ги постапките на украинските власти во однос на Украинската православна црква (УПЦ), заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека тие станале непријатели на православната вера, пренесуваат руските медиуми.
– Киевските сатанисти дојдоа во Украинската православна црква, тие бараат врски со рускиот свет. Го конфискуваат црковниот имот. Тие тепаа свештеници и парохјани. Меѓутоа, прогонот на УПЦ почна многу порано. Кога извесен Порошенко ги жртвуваше УПЦ и Договорот од Минск заради неговиот неуспешен реизбор – рече Медведев.
Претходно, во текот на денот, официјален Киев соопшти дека украинската Влада ќе подготви закон за забрана на црквите поврзани со Русија, во согласност со потезите што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги смета за неопходни за да се спречи Москва „да ја ослаби Украина одвнатре”, јавија денеска британските медиуми.
Украинскиот Совет за национална безбедност и Советот за одбрана ја овластија владата да подготви ваков закон по серијата рации во парохиите за кои Киев вели дека можеби добиваат наредби од Москва.
Во Украина постои Православна Црква на Украина, под ингеренции на Киев, и Украинска православна црква, под власт на Москва, што се разделени од пред три години.