More

    Макрон повикува на повторно „братство по оружје“

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина. Но, Бајден додаде: „Тој сè уште не го сторил тоа”.

    Бајден ги опиша акциите на Русија во Украина како „болни” и рече дека засега нема планови да контактира со Путин.

    Ова Бајден го изјави за време на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, на која двајцата лидери ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина.
    Макрон изјави дека Франција и САД треба „повторно да станат браќа по оружје”, соочени со војната во Украина и „повеќето кризи”.

    – САД не можеа да бараат подобар партнер за соработка од Франција – рече Бајден нагласувајќи дека сојузот со Франција останува „суштински” за стабилноста во светот.

    Бајден ги поздрави, на француски, вредностите на „слободата, еднаквоста и братството” со тоа што со голема помпа го пречека претседателот Макрон во Белата куќа.

    Двете земји „се најсилните сојузници бидејќи ова пријателство е вкоренето низ вековите”, рече Макрон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img