More

    Мицкоски вели дека само вчера „летнале“ стотици илјади евра за увоз на струја

    spot_img

    Владата најавуваше дека од 1. ноември до крајот на грејната сезона ќе работат трите блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј, а ТЕЦ Неготино ќе работи во полн капацитет и хидроакумулациите со цел потенцијал. Наместо тоа РЕК Битола денеска работи со еден блок и 75 отсто од инсталираниот капацитет, вториот блок вчера (30. ноември) излезе од мрежата поради пукната цевка, па така само вчера до крајот на денот поткраднуваа вкупно 452МВ/ч од соседните држави, кои ќе не чинат за неколку часа неколку стотици илјади евра – објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    – Блокот 3 не работи бидејќи трансформаторот што требаше да стигне на 1. ноември, значи пред точно еден месец, сè уште не е пристигнат во Македонија, блокот во Осломеј не работи, ТЕЦ Неготино, која требаше да влезе во мрежата до крајот на ноември, поради дефект на генераторот не работи, а хидропотенцијалот во моментов е на 18 отсто – набројува Мицкоски.

    Тој вели дека наместо тоа, „на најјако работат“ тендери во четири очи, со „херојски” авансни провизии во милиони евра во РЕК Битола, увоз на струја од десетици милиони евра, со што, како што вели, авансно се полнат џебовите на власта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img