Седум роботи дизајнирани да неутрализираат бомби или пак самите да ги поставуват поседува полицијата во Сан Франциско во САД, а неодамна ѝ беше дозволено да ги користи во екстремни ситуации, како на пример, терористички напади. За мерката да важи полицајците треба претходно да имаат пробано други алтернативни методи за сузбивање на криминалот, па потоа да се прибегне кон роботите. Исто така само некои високи офицери ќе можат да го одобрат ова, пишува Би-Би-Си.
Д-р Кетрин Коноли, од предизборната група „Стоп за роботите убијци“, рече дека овој потег може „да ги направи луѓето сè пооддалечени од употребата на сила и последиците од употребата на сила“.
Но, портапролот на полицијата не мисли така.
– Ниту една политика не може да ја предвиди секоја замислива ситуација или исклучителна околност со која може да се соочат полицајците. Полицијата на Сан Франциско мора да биде подготвена и да има способност да реагира пропорционално – изјавил портпаролот.
Во 2016 година, полицијата во Далас, Тексас, употреби робот вооружен со експлозив Ц-4 за да убие снајперист кој уби двајца полицајци и повреди уште неколку.