More

    Алити: Се обидуваме начинот на вработување да биде потранспарентен и да нема можност првиот човек на институцијата да вработува партиски послушници

    spot_img

    Ние како централна власт не можеме да имаме директен импaкт во администрацијата, но со нашите закони се обидуваме да поставиме механизми и инструменти кои ќе им олеснат на институциите да бидат поефикасни во делот на новите вработувања. Се обидуваме начинот на вработување да биде потранспарентен и да нема можност првиот човек на институцијата да вработува партиски послушници, изјави министерот за информатичко општество и админстрација Адмирим Алити.

    Министерот смета дека департизацијата е феномен во нашето општество и оти најмногу вработувања се случуваат пред избори и тоа во општините, училиштата и во здравството. Тоа, како што рече, со новите закони треба да се смени.

    – Поголемиот дел во јавната администрација се во образованието, во здравството и во општините, каде директно ние како централна власт не можеме да имаме импакт, но индиректно да, со нашите закони што ги имаме како Министерство. Поточно, со Законот за вработените во јавниот сектор и со Законот за административни службеници се обидуваме да поставиме механизми и инструменти кои ќе им олеснат на институциите да бидат поефикасни во делот на нови вработувањата – изјави Алити во одговор на прашање пред почетокот на јавната расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.

    Според министерот, за да има системско решение во делот на регрутирање на вработените, целта е процесот на вработување да се одвива потранспарентно, односно да нема можност првиот човек на институцијата да вработува партиски послушници, да му е тешко или во идеална ситуација невозможно тоа да го стори.

    – Ние сите како општество треба да се залагаме да нема институции кои вработуваат само за политичката партија – потенцираше Алити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img