На социјалната мрежа Инстаграм се појави вознемирувачко видео направено на белградските улици. Имено, на снимката се гледа како еден повозрасен човек тепа една помлада жена која лежи на асфалтот зад автобуската станица во центарот на Белград.
Како што е наведено во описот на снимката, станува збор наводно за маж кој редовно напаѓа и загрозува жени по улица, без разлика дали ги познава или првпат ги гледа во животот.
Пред да ја нападне девојката што е прикажана на снимката, тој наводно истепал уште две жени.
„Некој манијак тепа жени во центарот на Белград. Истиот овој човек истепа две жени пред да ја нападне оваа девојка. Кога ја удри девојката, таа падна на земјата, па некој друг човек дојде и ѝ помогна да се исправи. Тогаш настана расправија и со насилникот. Пред да се случи последниот инцидент, манијакот цели 20 минути им се дереше на сите минувачи“, наведено е во описот на снимката.
Засега не е познато дали е информирана српската полиција за овој случај, а исто така не е познат степенот на повреди што ги доживеала девојката од снимката.
Видеото можете да го изгледате ТУКА.