More

    Најголемиот вулкан во светот исфрла лава 60 метри во воздухот: „Подгответе се за најлошото“

    spot_img

    Најголемиот активен вулкан во светот еруптираше во понеделникот, а жителите на Хаваите, каде што се наоѓа вулканот Мауна Лоа, беа предупредени да се подготват за можна евакуација, ако не поради непосредна опасност од лава, тогаш поради ризик од паѓање на вулканска пепел и остатоци.

    „Тековите на лава ретко претставуваат директна закана за човечкиот живот, но тие можат да бидат исклучително деструктивни за инфраструктурата“, вели д-р Џесика Џонсон, британски геофизичар.

    Вулканот Мауна Лоа последен пат еруптираше во 1984 година.

    „Ситуацијата може брзо да се промени“
    Вработените во итната помош посочуваат дека во оваа фаза од ерупцијата не е потребна евакуација и нема индиции дека последиците ќе ги погодат населените места.

    Тековите на лава во моментов се ограничени на ненаселена област во основата на вулканот, но ситуацијата внимателно се следи.

    Геолошкиот институт на САД (USGS) објави дека според настаните од минатото, „поранешните фази на ерупциите на Мауна Лоа може да бидат многу динамични, а локациите и прогресијата на тековите на лавата брзо се менуваат“.

    Ако ерупцијата се движи надвор од ѕидовите на кратерот во основата, лавата би можела стабилно да се движи кон населбите, додаваат тие.

    Населението е двојно зголемено од последната ерупција
    Повеќе од 200.000 жители на Големиот остров на Хаваи се подготвени на сè додека вулканот исфрла лава до 60 метри во воздухот. Властите ги предупредија да се подготват за најлошото бидејќи пепел и густ чад го покриваат островот, пишува Би-Би-Си.

    Мауна Лоа еруптирала 33 пати од 1843 година, кога за прв пат е забележана ерупцијата. Последен пат тоа се случило во 1984 година, кога населението на Големиот остров Хаваи било многу помало.

    Оттогаш, населението се удвои, па функционерите сега се многу позагрижени отколку пред 40 години. Имено, протокот на лава сè уште може да се промени и да ги загрози локалните населби.

    Покрај тоа, тековите на лава испуштаат вулкански гасови кои можат да предизвикаат тешкотии со дишењето. Затоа ситуацијата и понатаму внимателно се следи.

    „Мислам дека сите треба да бидеме малку загрижени. Не знаеме каде оди протокот, не знаеме колку ќе трае“, вели еден жител на островот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img