More

    Уставниот суд ја прифати иницијативата на Самка Ибраимовски

    spot_img

    Уставниот суд го оспори Член 153-а, став 3 од Изборниот законик, решавајќи по иницијатива поднесена од Самка Ибраимовски, претседател на партијата ПЦЕР.

    Содржина на оспорената одредба, став 3, гласи: Ако наредниот кандидат жена од листата од ставот 2 од овој член не ја извести Државната изборна комисија во рок од осум дена за прифаќањето на мандатот, тоа право се пренесува на наредниот кандидат жена од листата”.

    Подносителот на иницијативата побара да се укине и утврди како противуставен зборот „жена” повикувајќи се на членот 9 став 1 од Уставот кој предвидува дека сите граѓани се еднакви во слободите и правата независно од полот итн и се еднакви пред Уставот и законите.

    Уставниот суд ја прифати неговата иницијатива и го оспори членот 153а, односно ставот 3.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img