ОХРИД ДОМАЌИН НА „SOUND OF EGYPT“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков се обрати на отворањето на фестивалот  „Sound of Egypt“ што синоќа се одржа во Охрид. Пред присутните градоначалникот рече:                                                                                                                                                                                                                                                                                             

 – Дозволете да го изразам моево задоволство што Охрид е домаќин на овој прекрасен културен настан преку кој доаѓаат до израз нашите заеднички заложби за  негување на културата, традициите и обичаите на Египќаните.  Тие се  важна алка во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а унапредувањето на правата на египќаните  наша заедничка цел и предизвик. Веселиот дух и темперамент на Египќаните се преточени во нивната песна и музика кои се примамливи за очи и уши и секако битен дел од мултикултурната лепеза на нашава земја. Сите сограѓани независно од верска, етничка или расна припадност се рамноправни и еднакви за мене. Битен  е човекот, неговата добронамерност   и вредностите кој тој ги негува,  а  се во насока на општествен развој и напредокЗатоа и понатака ќе работиме на  зајакнување на економската и социјалната вклученост на Египќаните во секојдневните општествени текови. Неопходна е продуктивна коегзистенција меѓу верниците и меѓусебно почитување во едно мултирелигиско и мултикултурно општество какво што е нашето. Вакви   настани  и случувања  особено се битни за нас. Тие се уникатна културно- забавна понуда во пост летниот период од годината и привлекуваат гости кај нас, затоа и во иднина ќе ја добиваат  нашата поддршка  – подвлече градоначалникот Пецаков.

 

Share This Article