Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур изјави дека не мисли оти Русија е сериозно ослабена од војната во Украина, јави ДПА.
– Мораме да бидеме искрени и јасно да кажеме дека руската морнарица и руските воздухопловни сили се приближно големи колку што беа пред војната – изјави Певкур за ДПА за време на неговата посета на Берлин.
Иако руските копнени сили изгубија многу луѓе, тие порано или подоцна ќе го вратат својот број од пред 24 февруари Покрај тоа, Русија ќе учи од своето искуство во Украина, истакна естонскиот министер.
– Нема причина да се мисли дека заканата од Русија е намалена – нагласи Певкур.
Естонија планира да потроши 2,84 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана следната година и 3,2 отсто од својот БДП во 2024 година.