Американскиот рапер Канје Вест објави дека му рекол на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе биде одличен кандидат за негов потпретседател во 2024 година, на што Трамп, како што вели, полудел, пренесе њујоршкиот Дејли Њуз.
Канје вели дека му кажал на Трамп да се кандидира за потпретседател на чело со него како претседателски кандидат, додека тие биле на имотот на Трамп Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.
– Мислам дека Трамп беше најмногу вознемирен што го замолив да ми биде потпретседател – изјави раперот во видеото објавено на неговиот неодамна обновен профил на Твитер.
„Трамп всушност почна да вреска по мене на масата велејќи ми дека ќе загубам“, продолжи Канје, кој беше на тапет во јавноста откако призна дека е поддржувач на Трамп што не е баш вообичаено нешто за Афорамериканците во САД.
И Вест и Трамп неодамна беа вратени на Твитер од новиот сопственик на платформата, милијардерот Илон Маск.
Трамп кристално јасно стави до знаење дека нема да поддржи никого освен себе на претседателските избори во 2024 година.
Канје во вилата на Трамп пристигнал заедно со Ник Фуентес, кој има лоша репутација во САД, а некои дури го сметаат за фашист и антисемит.