Министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеи , ненадејно починал на 64-годишна возраст

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Минск соопшти дека министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеи , ненадејно починал на 64-годишна возраст , пишува британски Дејли мејл. Макеи им бил врска на земјите од Западна Европа со Белорусија. Тој ненадејно почина само еден ден по средбата со пратеникот на Папата, Анте Јозиќ. Тие, наводно, преговарале за начин како да се стави крај на војната во Украина.

Во понеделник Макеи требаше да биде домаќин на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Минск. Портпаролот на Лавров рече дека цела Русија е во шок поради смртта на Макеи. Причината за смртта сè уште не е позната. Тој наводно бил совршено здрав ден пред смртта.

Според зборовите на политичките аналитичари, тој имал за цел еден ден, наводно, да го замени Лукашенко како претседател на Белорусија.

Макеи беше обучен во советската ГРУ, воената разузнавачка агенција, а имаше и добра репутација и рејтинг меѓу белорускиот народ.

Share This Article