More

    Ќе ги победат ли Англичаните за првпат Американците на Светско?

    spot_img

    Британскиот амбасадор Метју Лосон и американската амбасадорка Анџела Агелар се обложија во виски пред вечерашниот натпревар меѓу Англија и САД на Светското првенство во фудбал Катар 2022.

    Во исчекување на вечерашниот натпревар, амбасадорот Лосон напиша: „Имаме пријателски облог со колегите од американската амбасада во Скопје. Шише виски оди во Американската амбасада ако САД ја победат Англија. Без притисок. Што мислите, каков ќе биде резултатот?“

     

     

    На тоа американската амбасадорка Агелар возврати дека во облогот вложува „Џим Бим“.

    „Нека победи најдобриот тим“, додаде таа.

    Од денеска се играат средбите од 2. коло на Светското првенство, а токму оваа меѓу Англија и САД привлекува најголемо внимание. Дуелот е во рамки на Групата Б и се игра вечерва од 20 часот. Во натпреварот Англија влегува со 3 освоени бода, а САД имаат само 1 бод.

    Англиската репрезентација никогаш не ја победила селекцијата на САД на светските првенства, ги потсети своите избраници Герет Саутгејт, селекторот на Англија пред вечерашниот натпревар.

    Репрезентациите играа 2 пати на Светско првенство, во 1950 година САД ја победија Англија со 1-0, додека во 2010 година натпреварот заврши нерешено 1-1.

     

    – Дали некогаш сме ги победиле САД на големи турнири? Не, мислам дека немаме победа па мора да се обидеме да испишеме историја. Добри сме да зборуваме гласно за себе како нација врз основа на малку докази. Она што треба да го направиме е да настапиме моќно на теренот. Знаеме дека ќе играме против многу мотивиран тим. Имаме огромна почит кон нашиот противник. Познаваме многу американски играчи од нашата лига. Мораме да бидеме на најдобро ниво – изјави Саутгејт.

    Англија е апсолутен фаворит во Групата Б и има шанси да заврши како првопласирана.

    САД имаат одлична млада генерација предводена од Пулишиќ, Мекени, Аронсон и Веа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img