Интер му понуди продолжување на договорот на дефанзивецот Милан Шкриниар. Според новиот договор, платата на играчот ќе биде 5,5 милиони евра по сезона плус 500.000 евра бонуси.
Ова информација ја објави „FCInterNews.it”. Наводно, фудбалерот не се противи на потпишување договор, туку бара плата од 6,5 милиони евра, иста каква што имаат Лаутаро Мартинез и Марсело Брозовиќ.
Претходно беше објавено дека ПСЖ на 27-годишниот Словак му нуди плата од 10 милиони евра по сезона плус бонуси.
Договорот на Шкрињар со „Нероаѕурите” истекува во летото 2023 година.
Оваа сезона, дефанзивецот одигра 21 натпревар за италијанскиот клуб во сите натпреварувања и нема постигнато ниту еден гол.