More

    Спасовски тврди дека не е пробиен компјутерскиот систем на МОН

    spot_img

    Сајбер-нападите се реална закана за сите институции, но ова што вчера се најавуваше и помпезно излезе во медиумите е класична лажна вест, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска објавите на социјалните мрежи дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на Министерството за образование и наука и ја презело контролата врз надгледните камери и интернет-страницата.

    Веста што вчера брзо се рашири на социјалните мрежи денеска ја демантираше и МОН.

    – Нема хакерски напад на Министетството за образование и наука и на други институции, нема напад во кој е влезено и се земени податоци и документи и нема напад врз системот за видеонадзор. Видеото што беше објавено не е од МОН ниту од кое било од другите министерства – изјави Спасовски за ТВ Сител во одговор на прашањето дали и колку се безбедни државните институции од вакви напади.

    Тој посочи дека државата има механизми и дека секоја институција поединечно работи на заштита на своите електронски податоци, а МВР е во координација со својот Оддел за спречување компјутерски криминал и со Агенцијата за електронски комуникации и дека на државните институции им се дава потребната стручна помош со цел да се заштити системот.

    – Меѓутоа, тоа е нешто што постојано треба да се надградува, да се јакнат и материјално-техничките и човечките ресурси во секое од министетствата и посебно кај нас, во Одделот за спечување компјутерски криминал. Досега имало обиди за напади на одредени веб-страници на институции, но поради воспоставенот одбранбен механизам, тоа не се случило. Тоа беше лажна вест, мислам дека не треба да создаваме некаква фама ако такво нешто не постои – рече Спасовски.

    МОН денеска во демантот информираше дека видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат не се од нивни простории  и дека по направени проверки на соодветната внатрешна служба заедно со надлежните институции за справување со компјутерски инциденти, не е констатиран никаков упад во електронските системи и бази на податоци со кои располага. МОН апелираше до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни за личните податоци за учениците, студентите, наставниот кадар зашто системите се соодветно заштитени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img