More

    Знаци кои укажуваат на оштетување на црниот дроб

    spot_img

    Црниот дроб е орган кој има задача да ја метаболизира речиси секоја супстанција што ја внесуваме во телото. Меѓутоа, со прекумерно внесување на штетни материи, нездрава исхрана, алкохол и дрога, овој орган со текот на годините полека се оштетува.

    -„Дебелината, дијабетесот, високиот крвен притисок, холестеролот, односно вообичаените показатели за метаболички синдром, сите се познати главни фактори на ризик за развој на заболување на замастен црн дроб“, објаснува д-р Крег Ламерт.

    Стомачна болка
    Непријатното чувство во стомакот може да биде знак за оштетување на црниот дроб, велат лекарите.

    „Не сакате да пожолтите од жолтица или да чувствувате болка во горниот десен дел од стомакот бидејќи тоа се знаци дека црниот дроб веќе ви е многу болен. Многу е подобро да се запре заболувањето на црниот дроб пред да стане премногу сериозно“, вели Салех Алкахтани.

    Жолтица
    Жолтица е еден од најчестите знаци на оштетување на црниот дроб, велат експертите.

    „Жолтицата се карактеризира со жолта боја на кожата и склерата поради ненормално високите нивоа на билирубин во крвотокот. Урината е обично темна поради билирубин што се излачува преку бубрезите. Високото ниво на билирубин може да се припише на воспаление или други абнормалности на клетките на црниот дроб или блокада на жолчните канали. Жолтица обично е првиот, а понекогаш и единствениот знак за заболување на црниот дроб“, објаснува Алкахтани.

    Иритирана кожа
    „Често цирозата не покажува знаци или симптоми додека оштетувањето на црниот дроб не биде екстензивно. Кога ќе се појават симптомите, тие најпрво може да вклучуваат замор, слабост и губење на тежината, гадење, модринки или лесно крварење, отекување на нозете, стапалата или зглобовите, чешање на кожата, црвенило на дланките на вашите раце и крвни садови кои изгледаат како пајакови мрежи на вашата кожа.вели хепатологот за трансплантација Сумера Илијас.

    Чувство на ситост
    Чувството на ситост без причина може да сигнализира проблеми со црниот дроб.

    „Зголемувањето на црниот дроб е показател за заболување на овој орган, иако обично нема симптоми поврзани со благо зголемен црн дроб. Симптомите на значително зголемен црн дроб вклучуваат непријатно чувство во стомакот или чувство на ситост“, пишува Eat This, Not That.

    Замор
    „Еден од најчестите симптоми кај луѓето со заболување на црниот дроб е замор. Тој е универзален за сите видови заболувања на црниот дроб, од примарна билијарна цироза до хроничен хепатитис Ц. Кај некои пациенти, заморот започнува неколку години по дијагнозата на заболување на црниот дроб. За други, тоа беше главната причина за барање лекарска помош. Таквите поединци постојано посетуваат различни лекари во потрага по причината за нивната екстремна слабост“, вели д-р Мелиса Палмер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img