More

    Затворената седница со Виктор Димовски за случајот „Онишченко“ се емитувала во живо на Јутјуб!!!

    spot_img

    Отчетот на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, околу случајот со македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко, доби чуден развој.

    Додека траеше седницата која по барање на Димовски беше затворена за јавноста поради користење класифицирани информации, сепак, таа во живо се пренесуваше на ЈуТјуб каналот на Собранието.

    На говорницата на Собранието, пратеникот Павле Трајанов побара објаснување зошто затворената седница на која Димовски презентираше доверливи документи била емитувана во живо на Јутјуб на Собранискиот канал.

    Тоа беше причина спикерот Талат Џафери да побара да се испита случајот, а дотогаш Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР да не продолжува со работа.

    Во моментов, Димовски и претседателот на собраниската Комисија, пратеникот Љупчо Пренџов, се наоѓаат во кабинетот на спикерот Талат Џафери за да одлучат дали ќе продолжи реферирањето за случајот „Онишченко“.

    Собраниските служби веќе ја заклучија салата број 4 каде што се одржуваше надзорната комисија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img