More

    Мицкоски се оградува и прозива на оградување од Ванчо Михајлов

    spot_img

    Не се согласувам со начинот на кој Ванчо Михајлов ја водел организацијата, и јас тоа јавно го кажувам, но СДС(М) не гледам да се огради од ставот на Заев и од својот коалициски партнер дека Бугарите биле ослободители, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Република”.

    – Намерата на СДС(М) беше вулгаризирање на тоа што го зборував јас на едно неодамнешно интервју и правење паралела со Иван нели Ванчо Михајлов. На кичевскиот конгрес 1995 година донесена е одлука со која што се признава континуитетот на историската ВМРО и современата ВМРО-ДПМНЕ со првиот конгрес 1991 година во Прилеп. Започнувајќи од првиот во Ресен според Лозанчев, но можеби не бил прв, првиот можеби е во Солун. Но, еве, според Лозанчев првиот конгрес е одржан во Ресен кое што требало да биде советување па потоа прераснал во конгрес се до осмиот кој што завршува во 1932 година во Горна Џумаја, па почнувајќи од првиот конгрес 1991 година или 9-тиот во континуитет во Прилеп завршувајќи со 17-тиот скопски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е практично еден континуитет и, да. дел од овие конгреси претседател на ВМРО во историска смисла на зборот е Иван Михајлов. И да, Иван Михајлов бил во егзил во Загреб каде што живеел и соработувал со тогашната независна држава Хрватска која што била фашистички односно нацистички сојузник – истакна Мицкоски.

    Не се согласувам со постапките на Иван Михајлов
    Мицкоски додаде дека не се согласува со начинот на кој што Иван Михајлов управувал со таа партија, како се однесувал и како соработувал.

    – Да, јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија во тоа време или организација, како се однесувал и како соработувал. Можеби за децении од денеска некој можеби ќе се согласува или нема да се согласува со тоа како јас или некој од моите претходници ја воделе ВМРО-ДПМНЕ во одредена историска смисла на зборот – појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски рече дека не гледа дека СДСМ се оградила од ставот на Заев и од коалицискиот партнер ВМРО-Народна партија дека Бугарите учествувале во ослобјодувањето на Скопје.

    – Денеска или да бидам попрецизен деновиве го слушаме еден од коалиционите партнери на Ковачевски како кажува дека Бугарите практично ја ослободиле Македонија. Така што поголем доброчинител за големобугарските апетити во Македонија од Димитар Ковачевски немало, дури и оној што претходно кажуваше и неговиот претходник дека ние не сме имале споделена туку сме имале заедничка историја, дека сме биле еден народ, дека тие биле администратори и дека не биле окупатори. Самиот тој рече дека го продолжува делото и континуитетот на тој човек. Дури ни тој не отиде толку длабоко, не забразди како што направи за големобугарските апетити во Македонија колку што Ковачевски го направи тоа – рече Мицкоски.

    Бугарските клубови треба да се затворат

    Мицкоски рече дека власта треба да ги затвори сите бугарски клубови, како мерка на реципроцитет, бидејќи Бугарија го затвори македонскиот клуб во Благоевград. Тој зборуваше и за измените во Законот за здруженија на граѓани и фондации.

    – Ние не само што ги поддржавме туку ги предложивме преку пратеничката Рашела Мизрахи тие измени, и добро е што беа прифатени и усвоени од страна на Парламентот. И треба веднаш да се тргне во процес на апликација, односно затворање на тие клубови, бидејќи македонскиот клуб што беше отворен во Бугарија веднаш реагираше бугарската држава и го затвори. Така што не треба да се чека и не треба да се одолговлекува и треба веднаш да се отпочне со затворање на овие клубови кои што се отворени на нашата територија – истакна Мицкоски.

    Причина зошто власта треба да ги затвори сите бугарски клубови, според него, е реципроцитет кон Бугарија.

    – Затворањето на клубовите бугарски во Македонија не е причина зошто некој бил соработник или не бил соработник со ваков или со таков. Туку е политички реципроцитет. Ако Македонците во Бугарија не можат да имаат свој македонски културен клуб, каде што културно ќе се организираат, ако Македонците во Бугарија не можат да ги уживаат своите права кои што се резултат на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, јас не гледам уште една причина зошто овие 1.500 граѓани на Македонија, кои што се декларираат дека бугарскиот јазик им е мајчин јазик, да имаат таков клуб и да се организираат во Македонија – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Спасовски дели пасоши кому сака, а сè уште е министер

    Мицкоски говореше и за случајот за пребеганиот Украинец Олександр Онишченко. Тој рече дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дели пасоши на кого ќе стигне“ и дека како човек е шокиран што се даваат пасоши на лица со такво криминално минато.

    – Не е тоа единствениот пасош кој што е даден од оваа влада. Јас ќе ве потсетам на аферата за издавање на македонски пасоши, која што лично јас ја отворив, и тогаш, ако се сеќавате, дуото Заев – Спасовски ме обвини мене дека со обелодувањето на овој скандал јас сум попречил некоја голема меѓународна истрага, а тој кој што го направил кривичното дело потоа беше обвинет и дел од тие луѓе завршија во затвор. Но, дали се тоа вистинските луѓе? Јас велам не, бидејќи тоа не се луѓето кои што можат на своја рака да се сретнат со еден Седат Пекер и да даваат пасоши, туку тие мора да ја добијат наредбата по вертикална хиерархија од горе надолу. И, за жал, тој кој што е највиновен, првиот во таа хиерархија, сè уште е министер за внатрешни работи. Бидејќи тогаш не се заврши таа работа како што треба, таа работа си има свое продолжение. Ако еден проблем не го решите веднаш, тогаш тоа само може да се продлабочува и да ескалира – нагласи Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img