Во редакциите на српските медиуми пристигнаа пораки дека се поставени бомби во градовите ширум Србија.
Во заканувачките мејлови се наведува дека „човечките органи ќе летаат во воздух, а улиците ќе бидат полни со крв“. Порталот Nova.rs во целост ја пренесе содржината на заканувачките мејлови
– Гледам уште ве лажат, гнасни националистички говеда, ништо не научивте, НАТО не беше доволно што ве бомбардира, не се откажувате од идејата за „српско Косово“. Ако НАТО не ве натера да се откажете, ако првата генерација на ОВК не ве натера да се откажете, ние ќе ве принудиме, со тоа што војната ќе ви ја однесеме во домовите, становите, фирмите, канцелариите, на вашите улици. Како што убивте невини цивили на Косово, во Босна, во Хрватска, сега ќе видите како е кога ќе се случи масакр на улиците на вашите градови – стои во мејлот испратен до редакцијата на Novа.rs од адресата: uck.second.generation .free.kosovo@gmail.com.
Во е-поштата понатаму се вели: „Улиците на Белград, Нови Сад, Пријепоље, Краљево ќе бидат полни со крв, разнесените човечки органи ќе летаат во воздухот и ќе се залепат на ѕидовите. Мислите ли дека го заборавивме геноцидот од 1913 година? Не, како што не сме го заборавиле масакрот во Рачак, како што не заборавивме ниту еден убиен цивил на Косово.
Одмаздата е првенствено наменета за луѓето кои ги сметаме за најодговорни за злосторствата и терористичката политика на српската држава. Сега ќе има колатерална штета на тие места, кој е крив кога работат со или за тебе, четнички ср**а. Звонко и Милан, ќе ви ја пиеме крвта“, пишува во мејлот.
Покрај заканите за бомби, во мејлот се повикува и на атентат на српскиот претседател Александар Вучиќ, Милорад Додик, Владимир Путин и се заканува на Српската православна црква со порака „слобода на Косово“. Во е-поштата се наведува дека бомбите C4 кои содржат ампули со нервен агенс се поставени на следните локации:
3 бомби: Канцеларија на фирмата Нови Пазар Пут, Поштење 4а, Нови Пазар
1 бомба: Канцеларијата на фирмата Нови Пазар во Ќуприја на адреса Караѓорѓева 6
2 бомби: Канцеларија на фирмата Нови Пазар Сјеница на Пријепољска 57
2 бомби: Канцеларија на фирма Нови Пазар отсек Рашка на адреса Шупње Б.Б.
1 бомба: Канцеларија на фирмата Нови Пазар отсек Тутин, адреса султан Мехмед Фатиха Б.Б.
1 бомба: Канцеларија на фирмата Нови Пазар отсек Краљево на адреса Чибуковац Б.Б.
6 бомби во црквата Свети Марко
9 бомби во храмот Свети Сава
2 бомби во црквата Свети Ѓорѓија во Нови Сад, на Пашиќева 4
4 бомби во канцеларијата на Србијапут АД на 282 Булевар Краља Александра
2 бомби на првиот кат на ВМА во Белград
5 бомби на плацот Бетоњерка Алексинац, Автопат бб.