Фобиите воопшто не се безопасни, бидејќи тие контролираат нечиј живот, иако тој што страда од нив тоа навистина не го сака.
Еден од најчестите е стравот од пајаци. Но, тим од научници од Универзитетот во Амстердам сфатиле како да се ослободат од тој страв, а потребни се само две минути.
За ова откритие им биле потребни доброволци кои се преплашени од пајаци. Секој од нив накратко бил изложен на тарантули, по што им била дадена доза пропранолол – бета-блокатор кој се користи за лекување на срцеви заболувања и висок крвен притисок.
Се случи нешто неверојатно. Кај секој од нив стравот драстично бил намален, а ефектот траел една година. Станува збор за тоа дека кога ќе се појави сеќавањето на пајакот – се активира амнезија.
Зачетник на оваа теорија е неврологот д-р Јозеф Ледукс, кој пред повеќе од 15 години тврдеше дека давањето на овој вид лекови ја активира амнезијата, откако ќе се активираат непријатни спомени.
Досега овој метод е тестиран само на животни. Откритието го објавија холандски научници во списанието Biological Psychiatry и веруваат дека тоа ќе доведе до нови начини на лекување, односно бришење на трауматските спомени.