Турција била принудена да чека 50 години за влез во ЕУ, но земјата ќе го даде одговор за ова кога ќе дојде време. Вака се жалеше турскиот претсеател Реџеп Таип Ердоган на церемонијата на доделувањето на „Највисокиот Орден на турскиот свет“.
– Нѐ принудија да страдаме пред вратата на ЕУ повеќе од 50 години. Тие сè уште продолжуваат да го прават истото. Но, ние ќе одговориме кога ќе дојде време – рече Ердоган.
Турција уште во 1963 година потпишала договор за влез во ЕУ, која тогаш се викала Европска економска унија, додека во 1987 година поднесено и барање за членство. Пристапните преговори за земјата почнаа дури во 2005 година, а до денес отворени се 16 од 35 поглавја.
Но, поплаките на Ердоган не останаа неодговорени. Додека Турција чека за ЕУ, земјата истовремено ги блокира Шведска и Финска за влез во НАТО. Ова чекање ја наведе германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок да ги потсети и Турција и Унгарија да престанат да ја блокираат ратифкацијата на членството на Шведска и на Финска. Таа рече дека тие „треба да го направат тоа сега“.
Според Баербок постои „кристално јасна основа“ да им се дозволи на двете нордиски нации да се приклучат на воениот блок,пренесува РТ.
Анкара постојано нагласува дека бара Шведска и Финска да расчистат со курдскиот тероризам. Будимпешта, од друга страна, тврди дека ќе гласа за ова прашање откако ќе реши голем број несогласувања со ЕУ. Во меѓувреме, Унгарија блокираше цели 18 милијарди помош за Киев од ЕУ, за да одговори на претходната одлука да се замрзнат 13 милијарди помош за Унгарија од европските фондови.