More

    Владата ќе го прошири списокот дејности со субвенционирана струја

    spot_img

    Владата ќе го прошири списокот дејности коишто ќе бидат поддржани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават/час, со што и оваа индустриска гранка ќе може да плаќа помали сметки за струја. Соред најавите на министерот за економија Крешник Бектеши оваа мерка ќе биде усвоена утре, со тоа што на списокот, покрај ‘одгледувањето живина’, ќе бидат додадени и шифрите на дејности за одгледување свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот синџир на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија.

    Ова проширување на списокот со фирми опфатени со субвенционираната цена на струјата доаѓа по барање на Стопанската комора на Македонија, за што Комората денеска со соопштение изрази јавна благодарност. „Само преку ваков начин на делување и соработка може да има успех за сите, во овие исклучително тешки времиња на стопанисување“ – се вели во соопштението.

    Оваа нова Одлука ќе овозможи фармите за одгледување животни, кои се снабдуваат на слободниот пазар на електрична енергија, да бидат подеднакво третирани со мерките. Воедно, тоа ќе придонесе и за зачувување на сточниот фонд во нашата земја, во услови кога фармерите се најпогодени од енергетската криза.

    Стопанската комора воедно потсетува дека преку Кризниот штаб во изминатиот месец континуирано ги посетува компаниите од каде директно ги согледува состојбите.

    – Компаниите одгледувачи на животни укажуваат дека работат во отежнети услови, зашто сточната храна веќе е поскапена за 70 отсто, бележат екстремен раст на транспортните трошоци и на сметките за струја, а сето тоа го доведува во прашање опстанокот на овие бизниси – потсетуваа Комората.

    Стопанската комора вели деке продолжува во напорите и преговорите со Владата, преку разни форми, да се даде поддршка на сите компании кои се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија со цел да се зачувува нивната конкурентност дома и во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img