Видео во кое американскиот претседател Џо Бајден цинично се насменува на прашање за кандидатурата на Трамп веќе има 139.000 прегледи на Твитер. Утринава новинар го праша претседателот дали смета дека политичкото движење на Трамп уште е силно.
Бајден се засмеа па одговори:
– О, да? Епа, ќе треба да покажеме дека тој нема да ја преземе власта.
Републиканската победа во Конгресот на вчерашните средорочни избори во САД ги покрена надежите дека доаѓа „црвениот бран“ во земјата, иако враќањето на Доналд Трамп може да биде засенето од неговиот сопартиец Рон Де Сантис. Но, истовремено, изборните резултати беа изедначени за местата во Сенатот каде ќе се прегласува. Ова ги натера некои аналитичари да напишат дека Демократите вчера поминале подобро од што очекувале.
Се појави и веста дека Доналд Трамп наводно бил гневен на Меланија затоа што му рекла „да го поддржи докторот Оз“. Наводно, тој им викал на сите во партијата за кандидатите што тој самиот ги избрал да ги поддржи.
„Трамп е навистина бесен утринава, особено за Мехмет Оз и ги обвинува сите што го советувале да го поддржи Оз – вклучително и неговата сопруга, опишувајќи ја како одлуката како не баш една од најдобрите, според луѓе блиски до него“, напиша Меги Хаберман од Њујорк Тајмс на Твитер.
Хаберман, исто така, известува дека загубите на кандидатите поддржани од Трамп, како што се Оз и Дон Болдук, може да влијаат на неговата одлука да ја објави својата трета претседателска кампања следната недела.
Трамп уште не се изјаснил за кандидатурата во 2024 година. Ќе му ја отстапи ли на колегата Де Сантис?
– Навистина верувам дека (Де Сантис) би можел многу да се повреди (ако се кандидира). Мислам дека тој би направил грешка, мислам дека раководството(на партијата) не би сакало – мислам дека тоа не би било добро за партијата – изјави Трамп во врска со ова.