Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека стапката на смртност поврзана со Ковид е намалена за 90 отсто во однос на февруари.
Гебрејесус одржа онлајн состанок во седиштето на СЗО во врска со пандемијата на Ковид-19.
Тој потсети дека во светот во февруари се регистрирани 75.000 смртни случаи поврзани со Ковид, а оваа бројка минатата недела била за 90 отсто помала и изнесувала 9.400.
„Поминавме долг пат и ова секако е причина за оптимизам. Но, ги повикуваме сите влади, заедници и поединци да бидат внимателни“, рече тој.
Директорот на СЗО рече и дека и покрај тоа што може да се спречи Ковид и има терапија, бројката од просечно 10.000 смртни случаи неделно е сè уште многу висока.
Гебрејесус додаде дека сè уште има многу висока разлика во процентот на вакцинирани луѓе во развиените и неразвиените земји и предупреди дека новите варијанти на Ковид продолжуваат брзо да се шират, поради што е потребна претпазливост.