More

    Сторија за Македонец кој се вратил од Украина

    spot_img

    Одлуката да ја напуштиме Украина беше тешка, но следејќи ја ситуацијата имав претчувство дека нешто ќе се случи и бев решен доколку пукне, ведаш да заминеме, раскажува за телевизија Алфа охриѓанецот Дарко Кипаризовски, кој 6 години со своето семејство живееше во Харков каде што се водат најжестоките борби.

    – Целиот живот буквално го собравме во неколку најлон кеси, полнејќи ги со сува храна, вода, алишта, се што ќе ни се фатеше при рака. Го оставивме зад себе домот и дел од семејството кое не сакаше да ја напушти  Украина и тргнавме на пат за Македонија со сопругата и со9 двете малолетни дечиња – вели Кипаризовски.

    Извлекувањето од Украина траело два дена се додека не стигнале на граница со Молдавија. Во Молдавија и во Романија уште на граничниот премин волонери им давале сим картички и ги упатувале сместувајќи ги во приватни куќи или хотели.

    Кога стиганале дома, на македонска граница им барале да платат 50 евра за зелен картон на сите кои во тој момент доаѓале од Украина.

    – Извинете рекоа, не можеме, не е ништо до нас, мора да платите зелен картон. Украинците беа малку разочарани и јас бев малку разочаран, но реков во ред, живот е, ваму ми помогнаа многу но сега нешто мора и да и платам. Сакам да апелирам до надлежните, да не се бара зелен картон за украински коли затоа што немаше ни во Моладивија, ни во Романија ни во Бугарија – додава Кипаризовски.

    По пест дена патување, Дарко и неговото семејство се во неговиот роден Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img