Бројот на смртни случаи од ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација.
Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000.
– Иако тоа е позитивен развој, премногу луѓе сè уште умираат. Речиси 10.000 смртни случаи неделно се премногу за болест која може да се спречи и лекува – рече Тедрос за време на прес-конференција.
Претходната недела, ширум светот беа пријавени околу 2,1 милион нови инфекции.
– Ковид-19 сè уште е пандемија – рече епидемиологот на СЗО Марија Ван Керхове.