Навивачи среде игра влегоа на стадионот во Чаир

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Натпреварот Шкупи – Шкендија од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија е во прекин поради влегување на домашни навивачи на теренот на стадионот во скопската населба Чаир.

Инцидентот се случи во 9.минута кога гостите од Тетово поведоа со 1:0. Стрелецот на голот, Дашмир Елези по постигнување на голот ги испровоцира најбучните навивачи на Шкупи. Некои од нив влегоа во терен и ги нападнаа гостинските навивачи.

По реакција на полицијата и на редарите, публиката се врати на трибините, но продолжи фрлањето на пиротехнички средства и други тврди предмети.

Нешто подоцна двете екипи се повлекоа во соблекувалните.

Според неофицијални информации, денешниот натпреварот нема да се доигра и најверојатно Шкендија ќе добие службена победа, а актуелниот македонски шампион Шкупи се соочува со санкции од ФФМ.

Share This Article