More

    Анџела Агелер ја презеде функцијата амбасадорка на САД во Македонија

    spot_img

    Македонија донесе тешки одлуки, се соочи и се соочува со големи предизвици, но САД ќе бидат рамо до рамо со вас, рече новата американска амбасадорка, Анџела Прајс Агелер предавајќи му ги акредитивните писма на претседателот Пендаровски.
    Оцени дека со членството во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ, Македонија ја чека светла иднина, а проговори и на македонски јазик.

    – Голема чест ми претставува да ви го предададам моето акредитивно писмо од Претседателот Бајден. Горда сум што го претставувам Претседателот и американскиот народ. Станaвте 30-тата членка на НАТО Алијансата, нашиот најнов сојузник. Ги отвори пристапните преговори за членство во Европската Унија, зацврстувајќи ја својата позиција како лидер во градењето на безбедноста и просперитетот на Западен Балкан, рече Анџела Прајс Агелер, амбасадорка на САД во Македонија.

    – Македонија во континуитет посветува посебно внимание на развојот на пријателските односи и билатералната соработка со Соединетите Американски Држави, кои ги сметаме за голем пријател, значаен економски партнер и искрен поддржувач во најтешките моменти уште од нашата независност – изјави Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

    Ова не е прв ангажман на Агелер во Македонија, која од 2011-2013 веќе работела како претставник за односи со јавност во американската амбасада. Претходно беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде служеше како в.д. амбасадорка, а на различни позиции била и во амбасадите во Париз, Ханој и Будимпешта.

    На сослушувањето во Сенатот во август, најави дека еден од приоритетите во земјава ќе ѝ биде борбата со корупцијата.

    – Ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери – изјави Анџела Прајс Агелер амбсадор на САД.

    Доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз и е деветти американски амбасадор во земјава. Зборува македонски, француски и делумно хинду јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img