More

    Алжир поднесе официјална апликација за приклучување кон групата на големи економии во развој БРИКС

    spot_img

    Алжир поднесе официјална апликација за приклучување кон групата на големи економии во развој БРИКС. Ова денеска го изјави претставничка на алжирското МНР за државно радио во земјата. Земјата е шеста по ред која сака да ѝ се приклучи на петорката составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, понекогаш наречена „џебното НАТО на Путин“, иако се работи за економски сојуз.

    Алжир во голема мера ги исполнува условите за членство, смета претседателот на државата, Абелмаџид Тебун. Рускиот амбасадор во Алжир, Валеријан Шуваев, во оваа прилика изјави дека Москва нема забелешки за пристапувањето на Алжир, пренесува РТ.

    На овогодинешниот самит на БРИКС, одржан онлајн во јуни, се зборуваше за проширување на групата во дополнителни 13 земји, вклучувајќи го и Алжир. Првиот гостин кој зборуваше на тој собир беше претседателот Тебун, кој се залагаше за „нов економски поредок во кој ќе владее еднаквоста и правичноста меѓу земјите“.

    Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во септември изјави дека голем број земји изразиле интерес за приклучување кон БРИКС во некаква форма. Тој додаде дека лидерите на земјите од БРИКС работат на процедурата за прием на нови членки.

    Алијансата БРИКС, која веќе вклучува повеќе од 40 отсто од светското население, се очекува да ја разгледа можноста за приклучување кон земјите како Саудиска Арабија, Турција, Египет, Иран и Авганистан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img