Недостатокот на чипови го одложува производството

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ограничувањата во производството на автомобили во Германија поради недостиг на полупроводници ќе траат „најмалку до 2024 година”, се вели во извештајот на консултантската компанија за менаџмент „Аликс партнерс”, објавен денеска.

Во моментов, од нарачката до испораката на чиповите се потребни шест месеци, што е двојно подолго од нормалното. Побарувачката за чипови по возило продолжува да расте поради зголемената дигитализација и електрификација, но производителите на полупроводници се воздржуваат да ги прошират своите капацитети поради заканата од рецесија и зголемените каматни стапки, пишуваат експертите од индустријата.

Профитните маржи на производителите на полупроводници на конвенционалните автомобилски чипови се до 11 процентни поени полоши отколку кај чиповите за потрошувачка електроника или индустриски клиенти, велат тие.

Од гледна точка на производителите на чипови, автомобилската индустрија е „само мал клиент за полупроводнички чипови”, со 6 до 10% од светскиот капацитет.

Побарувачката ќе продолжи да ја надминува понудата во 2024 година, а тоа ќе придонесе за зголемување на цените на полупроводниците и, на крајот, на возилата.

Побарувачката на автомобилската индустрија за чипови значително ќе порасне до 2026 година: за 75% за аналогни чипови потребни за електрични погони и за 30% за микроконтролери.

Share This Article