More

    Нафтените магнати потврдија дека Европа в година може да остане со нула енергенси

    spot_img

    „Прашањето не е оваа зима. Тоа ќе биде следната бидејќи нема да имаме руски гас – 98 отсто (помалку) следната година, можеби ништо“.

    Вака изјавил шефот на нафтениот магнат Ени, Клаудио Дескалци, за Си-Ен-Би-Си. Дескалци заедно со неколку други шефови на големите компании го потврдиле она за што пред неколку дена јавно предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Дека во ЕУ ќе фалат 30 милијарди кубни метри гас од Русија кои тешко дека ќе бидат заменети со други извори.

    Според нафтените магнати, ЕУ е „во добра форма“ за зимава бидејќи навреме ги наполни складиштата со рускиот гас.

    – Ни претстои тешка зима, а после тоа имаме потешка зима во годината потоа, бидејќи производството што е достапно за Европа во првата половина на 2023 година е значително помало од производството што ни беше достапно во првата половина на 2022 година – изјави Расел Харди, извршен диретктор на „Витол“ на конференција во Абу Даби минатата недела.

    Цените на енергијата се симнаа од табелите и се блиску до „недостапност“, бидејќи многу домаќинства „трошат 50 отсто или повеќе од својот расположлив приход на енергија, предупреди извршниот директор на БП Бернард Луни, согласувајќи се со својот колега дека следната зима „во Европа може да бидете уште попредизвикувачка“.

    Со оглед на побарувачката од Кина, главен увозник на гас и вртоглавото зголемување на цените на ЛНГ, директорите на енергетските компании се загрижени за можните социјални немири, посочувајќи на некои земји од ЕУ, како Чешка, каде домаќинствата забележаа десеткратно зголемување на сметките за енергија.

    Европа за следната зима ќе има повеќе избори, но прашање е колку тие ќе чинат и дали ќе моажт да ја обезбедат потребната количина. Тука е новиот норвешки гасовод „Балтик пајп“, тука се испораките на американскиот течен гас ЛНГ и тука е Кина.

    „Во меѓувреме, Кина може да го зголеми увозот на течен природен гас за да го поттикне економското закрепнување следната година“, предупредија од ИЕА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img