Патнички авион на Precision Air се урна во езерото Викторија во Танзанија, соопшти авиокомпанијата. Според Си-Ен-Ен, 19 лица загинале, а 24 биле спасени.
Портпаролот на Precision Air изјави за CNN дека авионот се урнал во најголемото африканско езеро во близина на аеродромот Букоба.
Премиерот на Танзанија Касим Мајалива изјави дека се пронајдени телата на сите загинати.
Во авионот имало 39 патници и четворица членови на екипажот, а 24 од нив се спасени и пренесени во болница, пишува CNN.
Исто така, британскиот јавен сервис Би-Би-Си јавува дека авионот паднал во невреме и силен дожд.
Имено, авионот требало да слета, но ја промашил пистата, јавуваат светските медиуми.
Precision Air е авиокомпанија од Танзанија со седиште во Дар ес Салам, најголемата приватна авиокомпанија во земјата.
Фото: Илустрација