Собир на Србите во Северна Митровица

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Северна Митровица, една од четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово, започнаа протести кои претходно беа повикани од Српска листа, водечката партија на косовските Срби која ја има поддршката од Белград, објавуваат српските медиуми.

Протестот почна со интонирањето на српската химна, а организацијата доаѓа откако вчера претставниците на Србите на Косово ги напуштија институциите.

Српската листа претходно објави дека „средбата“ се одржува со цел да се покаже единство и едногласно да и порачаат на Европа дека Србија е нивна земја.

Митингот се одржува пред споменикот на цар Лазар, а голем број српски знамиња, како и транспаренти „Ова е Србија“, се закачени на улиците, прозорци и тераси на куќи и станови во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и други градови на северот на Косово, а знамиња се делат и на минувачите во Митровица.

Вчера во северните општини, на јавни места можеа да се забележат излепени покани, со кои се повикуваат граѓаните да го истакнат знамето на Србија на својот приватен имот, а тие веќе беа закачени на јавните површини.

Одлуката за напуштање на институциите ќе биде на сила се додека „Приштина не почне да го почитува меѓународното јавно право и договорите договорени во Брисел“.

Инаку, собирот кој траеше нешто повеќе од еден час заврши без инциденти, освен што, како што јавуваат српските медиуми, група Албанци во населбата Бошњачко маало поставиле албански знамиња.

Share This Article