Владата на денешната седница го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра.
Средствата од Кредитната линија, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наменети за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија.